Скандал кај шампионите: Газдата на Петриотс „уловен“ со проститутки

Сопственикот на Њу Ингланд Петриотс, шампионот на НФЛ лигата кој го освои четвртиот последовен торфеј славејќи на последното издание на Супербоул, Роберт Крафт, доби две обвиненија за подведување на проституција.

Полицијата подолго време ги следела случувањата во ексклузивен спа – салон на Флорида и како резултат на истрага следуваат обвиненијата за Крафт. Тој е обвинет, но не е одведен во затвор, соопштуваат од полицијата.

Од Петриотс кратко соопштија дека сопственикот на клубот не бил инволвиран во криминални активности.

Полицијата пак тврди дека има видео снимки на кои е видливо дека Крафт, кој е еден од 20-те осомничени, добива „платени услуги“.

Се вчитува...