Скандал на Ролан Гарос: Двајца тенисери играле за обложувалници

Голем скандал го тресе вториот гранд-слем во сезоната, францускиот Ролан Гарос, пренесува реноминираниот „Л’Екип“. Во четвртокот француската полиција е информирана за можност за местење на натпревар од квалификациите на францускиот „гранд-слем“.

Се работи за мечот меѓу израелскиот тенисер, Дуди Села и Шпанецот, Бернабе Запата Миралес. Тие на 16. мај се сретнаа во првото квалификациско коло, а Села беше поразен со 6-3 и 6-0.

Имало голем број уплати во обложувалниците на овој меч, а сето ова го потврдуваат и неколку поени од мечот.

 

Се вчитува...