Скандал: Уапсен Калум Хадсон-Одои по инцидент со моделка која била во неговиот дом

Тинејџ-ѕвездата на Челси и на англиската фудбалска репрзентација, Калум Хадсон-Одои бил уапсен во четири часот наутро во неговиот дом ноќта меѓу сабота и недела откака била повикна полиција поради неред кој настанал меѓу него и моделка која му била гостинка. 19-годишниот Одои ја поканил девојката во неговиот дом, испратил возило по неа, но во раните утрински часови настанала мешаница, девојката повикала помош и била однесена во болница. Хадсон-Одои го спорвела полицијата. Полицијата во Лондон го потврдува инцидентот.

„Полиција и амбулантно возило беа повикани на посочената адреса. Девојката која не беше добро беше одведена во болница, а човекот спореведен во притвор“ – изјави портпаролот на Метрополитен полицијата.

Фудбалерот на Челси и девојката се запознале он-лајн. Си разменувале флетрувачки пораки по што дошло до договорот за средба. Соседите на Хадсон-Одои за британските медиуми раскажуваат дека „девојката излегала гламурозно“. Со нејзиното присуство во неговиот дом, играчот ја прекршил и регулативата за карантин.

Калум Хадсон-Одои беше меѓу првите играчи во Премиер-лигата кој заболе од коронавирусот. Оздраве веќе за една седмица и се очекува, ако му дозволат тестовите да биде на групните тренинзи на Челси при крајот од оваа седмица.

 

Се вчитува...