Скандал во Барселона: Клубот преку ПР агенција ги оцрнувал играчите за да му го заштити имиџот на Бартомеу

Барселона ангажирала ПР агенција која преку креирање на профили на социјалните мрежи создавала лоша слика за дел од актуелните и поранешните играчи со цел да се зачува имиџот на претседателот на клубот, Бартомеу како и на целиот Борд. Биле креирани околу 100 профили на Фејсбук и на Твитер преку кои се оцрнувале Меси, неговата девојка Антонела, Пујол, Лапорта, Чави и многу други.

Преку овие профили на пример за Пујол се пишува лошо за инволвираноста во Дејвис купот, потоа за Меси да се прават притисоци за тоа што Аргентинецот не го продолжува договорот, потоа да се пишува дека играчите не се доволно посветени и слично. Профилите биле креирани во 2017 година и се различни и во нападите и кон личностите кои се цел на кампањата.

Барселона признава дека ја ангажирала агенцијата во договор вреден милион евра, но дека клубот немал сознанија за начинот на дејствување.

Опозицијата на Бартомеу предводена од Виктор Фонт објави соопштение во кое бара клубот и актуелниот претседател веднаш да излезат со став за скандалот кој крајно го оцрнува имиџот на Барса.

Се вчитува...