Скандал во гордиот Албион – Најмладите „шверцувале“ девојки во хотелот

Мејсон Гринвуд и Фил Фоден се исфрлени од репрезентацијата на Англија пред натпреварот со Данска, бидејќи во хотелот во Исланд „шверцувале“ девојки и покрај строгите правила поради пандемијата од коронавирусот.

Двајцата фудбалери кои го имаа деби настапот за „Гордиот Албион“ во победата на гостувањето кај Исланд од 0-1 во Лигата на нации, одлучиле малку повеќе да се опуштат во хотелот во кој била сместена англиската репрезентација и да се забавуваат со девојки и покрај забраната и строгите протоколи кога е во прашање заштитата на фудбалерите од ширење на коронавирусот.

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт нема дополнително да повика нови фудбалери за мечот против Данска.

Се вчитува...