Скандал во Полска: Навивачите на Легија ги претепаа фудбалерите и тренерот на СВОЈОТ клуб!

Тимот на Легија Варшава вчера двојно го наплати поразот од 3-0 во дербито против ривалот Лех Познан, откако „непознати сторители“ навивачката „ултрас“ група на клубот реши физички да се пресмета со фудбалери и тренерите.

Бранителот на титулата во полското првенство го доживеа петтиот пораз по 11. кола во оваа сезона, навивачите сметаат дека фудбалерите играат лошо и не го даваат својот максимум, па своето незадоволсто решија да го искажат по мечот, автобусот на тимот го чекаа околу 50 навивачи пред нивниот стадион во Варшава. Предводникот на оваа навивачка група ги повикал играчите и тренерите на разговор, но наместо да има вербална расправија, лутите фанови веднаш ги нападнале со тупаници. Најверните поддржувачи сметаат дека ова е заслужен ќотек, па на заминување им порачаа: „Доколку и наредниот меч играте така лошо, ќе се вратиме“

Полските медиуми тврдат дека ниту еден фудбалер и тренер не е сериозно повреден, но меѓу нападнатите бил и клупската легенда Александар Вуковиќ.

Се вчитува...