СКАНДАЛ: За „Златната топка“ гласал и новинар што не постои!

Неколку дена по доделувањето на престижната „Златна топка“ што ја доделува весникот „Франс Фудбал“,  во француските медиуми се појави информација дека гласањето е – невалидно. Причината се „фантомските гласови“ на новинар што не постои.

Во изборот најдобриот фудбалер во светот, учествуваат новинари од сите земји кои во гласањето даваат бодови(6, 4, 3, 2 и 1) на петмина играчи за кои сакаат да гласаат. Кога ќе се соберат бодовите се доделува наградата, односно „Златната топка“ ја добива фудбалерот што собрал најмногу бодови.

Оваа година добитник на „златната“ топка беше хрватскиот фудбалер во дресот на реал Мадрид, Лука Модриќ.

Она што е спорно во годинашниот избор се гласовите од Коморските Острови на извесен новинар Абду Боина кој работи на порталот „Albaladcomores.com“. Проблемот е што овој портал е згаснат уште во 2012 година, а новинар по име Абду Боина воопшто не постои.

Според резултатите од гласањето, Боина најмногу гласови му дал на францускиот фудбалер Мбапе.

На годинашниот избор на „Франс Фудбал“ имаше поплаки и од новинар од Тринидад и Тобаго кој се пожали дека бодовите не му ги запишале така како што гласал.

Се вчитува...