Огромен инцидент се случи за време на дуелот од швајцарското првенство меѓу Сион и Лугано, на кој претседателот на домашната екипа, Кристијан Константин, физички го нападна поранешниот селектор на Швајцарија, Ролф Фрингер.
Фрингер во последниот период работи како стручен аналитичар за една швајцарска телевизија, најпрвин беше турнат, а потоа доби и шлаканица од Константин поради критиките што ги упатувал кон Сион и додека бил селектор и како ТВ-аналитичар.
„Шокиран сум, не можев ни да помислам дека вакво нешто може да се случи“ – истакна Фрингер, додека Швајцарската Фудбалска Федерација веднаш отвори дисциплинска постапка против претседателот на Сион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА