Скапата армија експерти не го спаси Роналдо од скандалот со силувањето

Кристијано Роналдо потрошил 1 милион долари на тимот од адвокати, доктори и ПР-специјалисти за да се заштити од обвинувањата за силување.

Португалецот собрал група светски познати експерти од повеќе области чија задачa била создавање позитивна слика за Роналдо во пресрет на еветуалната судска битката со поранешната манекенка Кетрин Мајорга која тврди дека била силувана од големата фудбалска ѕвезда во 2009 година. Роналдо пак тврди дека сексот бил со согласност.

Целата скапа екипа што ја собрал Роналдо требало да му ја заштити репутацијата со тоа што нема да дозволи приказната да излезе во јавноста. Тимот бил собран уште во 2009 година, а во него имало и поранешен полицаец, медицинско лице и форензички експерт.

Но, адвокатите на Мајорга сега имаат огромни забелешки за работата што ја завршил тимот на Роналдо и се обидуваат да го поништат договорот за доверливост вреден 287.ооо долари.

Од друга страна, адвокатите на Роналдо тврдат дека документите кои беа објавени од германскиот магазин „Der Spiegel“ се практично украдени по хакерски пат и изменети.

 

Се вчитува...