Скапо платена победа: Повреди на двајца дефанзивци на Арсенал

Арсенал конечно успеа да ја прекине серијата слаби резултати триумфирајќи над Вест Хем со 1-3, но „топчиите“ скапо го платија овој триумф.

Хектор Белерин се повреди при загревањето пред мечот, поради што Љунгберг во првиот тим го уфрли Мејтланд-Најлс, додека Колашинац (кој не беше планиран ниту меѓу резервите) се пресели на клупата. Босанскиот лев бек беше принуден да влезе во игра уште во првото полувремe откако Тирни заработи незгодна повреда на рамото и мораше да биде заменет.

Трите бода дефинитивно внесуваат оптимизам кај „топчиите“, но повредите на двајца стандардни дефанзивци во период кога следи згуснат распоред на натпревари до крајот на декември, дефинитивно е причина за загриженост во таборот на Арсенал.

Во следното коло „топчиите“ ги очекува дерби на домашен терен против шампионот Манчестер Сити.

Се вчитува...