Скариоло: Македонија има незгодни кошаркари, најголемата опасност е Џејкоб Вајли

Македонската кошаркарска репрезентацијата мисијата „Мундобаскет 2023“ ја започнува од Скопје каде утре со почеток од 19 часот и 30 минути гостува актуелниот светски првак, Шпанија. Шпанците важат за апсолутен фаворит против нашата подмладена репрезентација, но селекторот на „црвената фурија“ пред мечот предупредува за внимателност.

Според Серхио Скариоло македонската репрезентација има брзи играчи, атлетски градени, посебно ниски и агресивни плејмејкери, а најголемата опасност ја гледа во Џејкоб Вајли.

„Македонија има играчи на високо европско ниво, а посебно тоа е Џејкоб Вајли, кој секако има голем потенцијал и кошаркар кој може да ни направи многу проблеми. Македонија има брзи играчи, атлетски градени, посебно ниски и агресивни плејмејкери кои може да пенетрираат, а плус играат и на надворешна страна. Ние може да победиме, само ако одиграме на највисоко ниво“, изјави Шпанецот.

„Сите играчи јасно покажаа дека привилегија и чест е да се носи овој дрес, па очекувам тоа да го покажат. Но, нема ништо лесно да ни биде во Македонија и може да имаме големи проблеми ако не влеземе максимално во мечот. Мислам дека овие четири дена најдобро ги искористивме за да направиме кохезија во тимот, а играчите да го сфатат концептот“

Се вчитува...