Скендер Јонузи ќе ја предводи Шкендија на престојните натпревари

Досегашниот асистент на Артим Шаќири, Скендер Јонузи ќе ја предводи Шкендија на следните натпревари до именување на новиот шеф на стручен штаб, информираат од тетовскиот клуб.

На Јонузи ќе му помагаат и понатамѕ Беким Османи и Бурхан Емурлаи.

По паузата изминатиов викенд, Шкендија повторно се враќа на фудбалот со Куп-натпреварот во среда против Караорман од Струга, додека во сабота ја очекува дуел со Шкупи.

„Црвените“ до мечот против Караорман во среда, од денеска ќе бидат во Охрид на финални подготовки.

Се вчитува...