Скола и Кампацо ќе ја предводат Аргентина на ЛОИ во Токио

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Аргентина, Серхио Хернандез го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета на Летните олимписки игри во Токио. Предводници на „гаучосите“ ќе бидат легендарниот Луис Скола и во моментов најдобриот аргентински кошаркар Факундо Кампацо.

Вицешампионите од последното Светско првенство во групата на игрите ќе се сретнат со репрезентациите на Шпанија, Словенија и домаќинот Јапонија. Најдобрите две од секоја група и и двете најдобро третопласирани екипи ќе се пласираат во нокаут фазата.

 

Се вчитува...