Скола не издржа, солзи на последното „танго“: И ривалите и соиграчите му аплаудираа на големиот ас (видео)

Австралија ја демолираше Аргентина во последното четвртинале на ОИ, па завршницата наместо неизвесна, стана крајно емотивна откако аргентинскиот селектор реши да го повлече од игра Луис Скола.

Легендарниот кошаркар го играше своето последно големо натпреварување во дресот на „гаучосите“, резултатот беше далеку од посакуваниот, но сите присутни во салата во Токио јасно покажаа што мислат за големиот ас на кошаркарската игра.

По повлекувањето на Скола кон клупата мечот цела минута беше во прекин, па и ривалите и соиграчите без престан му аплаудираа на Аргентинецот, заедно со присутните официјални лица од делегациите што се наоѓаа на трибините.

Луис Скола се обиде, но не успеа да го задржи солзите, на емотивната завршница од последниот меч во неговата фантастична кариера.

Се вчитува...