Сколс: Фернандеш е подобар од мене

Легендата на Англија и Манчестер Јунајтед, Пол Сколс имаше само пофални зборови за Бруно Фернандеш по новото извонредно издание на Португалецот против Лестер, меч на кој плејмејкерот на „црвените ѓаволи“ постигна еден гол и имаше една асистенција.

По доаѓањето во Англија, Португалецот е вистински „хит“ во редовите на „црвените ѓаволи“. Играчот од средниот ред е директно вклучен во 31 гол на тимот на само 28 одиграни средби, а на натпреварот против Лестер стана и најдобриот играч од средниот ред во историјата на Премиерлигата по бројот на голови постигнати во една календарска година, кои не се од пенал, за него вкупно шест.

„Тоа што тој го прави е навистина феноменално. Доколку погледнете, откако е тој тука, Јунајтед би бил на врвот на лигата, со повеќе бодови од Ливерпул. Бројќите кои се зад него се навистина за почит. Тој е подобар и од мене. Дава повеќе голови, креира повеќе голови од мене. Би сакал да играм со него, најверојатно зад него. Сега изгледа дека Јунајтед може да постигне три, четири или пет гола на секој натпревар“ – изјави Сколс.

 

Се вчитува...