Сколс го „распука“ Љунгберг: Тој не е за тренер…

Фреди Љунгберг ремизираше на својот прв меч на клупата на Арсенал, на гостувањето против Норвич, но шведскиот стратег по мечот беше критикуван од страна на поранешните ривали кои сега работат како ТВ-аналитичари. Поранешниот англиски репрезентативец Пол Сколс го „распука“ Љунгберг, и тоа не поради играта на неговиот тим, туку неговата гардероба.

Љунгберг пристигнал на стадионот на Норвич во џемпер, мечот го водеше во клупска јакна, што дефинитивно не му се допадна на Сколс.

„Ова му е прв меч како професионален тренер, треба да покаже дека е горд и да се појави со стил, облечен во одело. За мене, тоа е единствениот начин на кој се почнува, кошула и кравата, со тоа се покажува авторитет и се бара дисциплина. Кога го видов Љунгберг, прво што ми падна на ум е дека тој не е за тренер“ – истакна Сколс.

Џејми Карагер го критикуваше изборот на фудбалери на новиот стратег на Арсенал, потенцирајќи дека со вклучувањето на играчи кои се во војна со навивачите тешко дека ќе се најде заеднички излез од кризата.

„Џака е во војна со навивачите, а Фреди го врати во тимот. Тука беа и Мустафи и Луиз, од кои знаете што да очекувате, со нив екипата нема да се разбуди. Чемберс не е решение за бековската позиција, а на клупата седи Пепе, на кого беа потрошени огромни пари. Овој натпревар покажа дека некогаш промена на тренерот не е решение за излез од резултатската криза“ – истакна поранешниот дефанзивец на Ливерпул.

Се вчитува...