Сколс: Како не му е срам на Керик – Целиот персонал требаше да замине, не само Оле

Легендарниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс ја коментираше ситуацијата во Манчестер Јунајтед по отказот на Оле Гунар Солскјер и победата на „црвените ѓаволи“ во натпреварот од Лигата на шампионите.

Поранешниот играч Мајкл Керик ги предводеше „црвените ѓаволи“ од клупата против Виљареал. Тоа беше неговото деби по заминувањето на Оле Гунар Солскјер од „Олд Трафорд“.

„Ништо не се промени, истиот персонал се уште го води тимот. Оле практично им ја предаде задачата на Керик и Мекен да го подготват тимот. Знаевме дека Оле треба да си замине, а луѓето од управата мораа да ја подготват следната гарнитура на тренери. Мислам дека би ми било срам да продолжам да бидам во стручниот штаб по она што му се случи на Оле“, изјави познатиот фудбалер на Јунајтед.

Следниот натпревар Манчестер Јунајтед го игра во недела од 17:30 часот, а му гостува на европскиот шампион Челси.

 

 

 

Се вчитува...