Сколс: Погба и на 35 години ќе продолжи да прави глупости

Продолжува сагата за Пол Погба и неговите преговори со Манчестер Јунајтед за нов договор. Наскоро доаѓа 1 јануари, а Погба ќе влезе во последните шест месеци од договорот. Тоа значи дека ќе може да преговара за заминување во друг клуб без согласност на Јунајтед, само ќе треба да го почека летото и официјално да му истече договорот за да стане слободен играч.

Реал Мадрид, Јувентус и ПСЖ се клубовите чиј интерес се чини е најголем досега, а бидејќи Погба моментално има 28 години, неговиот следен голем договор би можел да биде неговиот последен долгорочен договор во целата негова кариера. По вчерашниот натпревар на кој Роналдо мораше да го спаси Јунајтед од пораз од Аталанта во Лигата на шампионите со гол во последните минути за 2-2, а една од главните теми беше Пол Погба, кој повторно не беше на нивото.

Легендите на Јунајтед Пол Сколс и Рио Фердинанд не штедеа критики. И двајцата заклучија дека Погба не е задоволен и не игра на високо ниво, а Сколс беше особено жесток со коментарите.

„Колку години има Погба? 28? Тој е многу искусен играч, но тој е еден од оние играчи кои ќе прават глупости дури и на 35 години. Тој секогаш ќе прави глупави работи, ќе прави трикови и ќе ги забавува луѓето покажувајќи колку е вешт. Неговиот најголем проблем е концентрацијата, тој често талка во текот на натпреварот. Погба е на негово ниво само кога со себе има одлични играчи кои можат да ги прикријат неговите недостатоци. Тоа особено беше период во Јувентус, каде што беше брилијантен и затоа го доведовме од Торино, запомнете дека околу себе ги имаше Пирло, Киелини, Бонучи и Буфон. Имаше и агресивен тренер. Таква средина ќе му треба дури и кога ќе има 35 години“, заклучи Сколс.

Се вчитува...