Сколс за успехот на Ливерпул – Мојот медал во бадминтон е поважен

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс смета дека титулата освоена на Светското клупско натпреварување нема никаква важност. Тој трофејот го освои со Манчестер Јунајтед, но вели дека ниту еден од неговите соиграчи не му значел нешто посебно.

„Сакаш да го освоиш кога си веќе таму, но никогаш не било нешто кој знае колку важно. Некој да ме праша кои трофеи сум ги освоил во текот на кариерата, не знам дали би се сетил на тој. Изгледа од Ливерпул уживаа во неговото освојување и тоа го разбирам. Но, мене лично медалот освоен во бадминтон ми е по мил од овој“, изјави Сколс. 

Инаку Ливерпул го совлада Фламенго со 1-0 во финалето на Светското клупско првенство и стана првиот англиски тим по Манчестер Јунајтед во 2008 кој се радуваше на трофејот.

Се вчитува...