Сколс знае кој фудбалер може да го извади Јунајтед од кризата

Манчестер Јунајтед сезонава се наоѓа во тешки проблеми. Слабата игра е таа која го краси тимот од „Олд трафорд“, а ниту Солскјер кој минатата година личеше на спасител не може да го врати тимот на победничките патеки.

Легендата на клубот, Пол Сколс му даде предлог на неговиот поранеш соиграч кој играч може да ги реши проблемите на „црвените-ѓаволи“. Тој смета дека Озил е клучот за Јунајтед за подобри игри во продолжението на сезоната.

„Не ја разбирам ситуацијата на Озил во Арсенал. Мислам дека тој е фудбалер кој може да ги реши сите проблеми во средината. Има големи квалитети, кои ги покажа во текот на кариерата. Во Јунајтед би можел да биде краткотрајно решение за големите проблеми во креирањето на напади. Не верувам дека би можел да премине, но тој е фудбалер кој во моментов му е потребен на клубот“, изјави Сколс. 

 

Се вчитува...