Скопје беше добар домаќин, завесата на ЕП спуштена (фотогалерија)

Со денешните екипни натпреварувања во кајак и кану на брзи води и официјално беше завршено Европското првенство за кајак и кану што во изминатите четири дена се одржуваше во Скопје. Нашиот главен град се покажа како одличен домаќин, организацијата беше беспрекорна, па сите натпреварувачи со позитивни спомени се враќаат назад во своите земји.

Франција го освои златниот медал во дисциплината Ц1 екипно за мажи, пред Чешка и Италија, додека во истата дисциплина за жени најдобри беа репрезентативките на Чешка.

Во натпреварувањето кајак К1 екипно за мажи Македонија го освои седмото место, додека златниот медал го освои Словенија пред Франција и Чешка.

[new_royalslider id=”642″]

Се вчитува...