СКОПЈЕ Е ПОДГОТВЕНО ДА ТРЧА – Во недела ќе се оддржи шестото издание на HalkEco Skopje Run 10KM!

Уличната трка, која од локална, прерасна во меѓународна, HalkEco Skopje Run 10KM, ќе се оддржи на 8.  мај, во недела, со почеток во 09:00 часот. Патеката по која ќе трчаат натпреварувачите ќе биде иста како и минатата година, како и стартот и целта – пред фонатаната „Лотос“.

Организатор на трката која со нетрпение се oчекува веќе 6та година по ред,  е Сојузот на спортови на Скопје, заедно со Атлетскиот Клуб Работнички и насловениот спонзор HalkBanka, а генералени покровители на трката се Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт.

Натпреварувачите, пред самиот старт на трката ќе бидат сместени во пет стратни бокса, според времето кое тие го одбрале и ќе трчаат еден круг.

Бидејќи трката е од натпреварувачки карактер, за првите 5 места во машка и женска конкуренција, ќе има парична награда. Со пехари и дипломи ќе бидат наградени и најбрзите во следните возрасни категории: од 35 до 44 год., од 45 до 54 години и над 55 години. Церемонијата на доделување на награди ќе започне по завршувањето на трката.

Пријавените тркачи своите  стартни пакети ќе можат да ги подигнат на 6. и 7. (сабота и недела) мај, од 12 до 18 часот, во Skopje City Mall на 2 спрат кај продавниците за спортска опрема. Важно при подигнување на стартниот број е тркачите да прикажат документ за идентификација или потврден меил од организаторот за пријава на самата трка.

Се очекува настап и на најдобрите македонски атлетичари Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски кој е рекордер и победник на сите досегашни изданија на оваа трка.

Организаторите на настанот на сите натпреварувачи им посакуваат добри резулатати и да уживаат во ова 6. издание на HalkEco Skopje Run 10KM и ги повикуваат скопјани да дојдат да ги поддржат сите учесници.

Се вчитува...