Скопје и Македонија изминатиов викенд беа сведоци на вистински ФНЦ-спектакл кој за првпат се одржува во нашава земја, благодарение на организацијата на ММА Федерацијата на Македонија, а со поддршка и на светската ФНЦ организација.
Првиот човек на Федерацијата на Македонија за ММА, Ивица Алексовски, сумирајќи ги целокупните впечатоци не го крие задоволството од организацијата која треба да претставува само прв чекор и за идните настани од овој тип во Македонија, со оглед и на фактот за огромното внимание кое го привлече меѓу домашните љубители на овој спорт.
„Голема благодарност до публиката која се покажа како една од најдобрите во досегашните организации на ФНЦ! Како основач на македонската ММА федерација и ‘The Strongest’,, морам да кажам дека организацијата на ФНЦ во Скопје беше на врвно ниво! За прв пат имавме прилика да видиме ваков спектакл, организиран од врвната поставеност на ФНЦ заедно со Дражен Форгач. Голема благодарност до министерот Борко Ристовски за огромната поддршка“ – вели Алексовски.
Алексовски не го крие и задоволството од триумфот на Даниела Алексовска која извојува извонредна победа против грчката натпреварувачка.
„За мене овој настан имаше и уште една посебна, неопислива тежина — пред сè како татко и тренер. Дани оствари врвна победа против одличната и поискусна противничка од Грција Мина Хатзопулу. Дани покажа храброст и чисто македонско срце во кафезот После 15 години упорна работа, труд и искуство во бразилска џиџица, имав огромна и особена чест лично да ѝ го доделам нејзиниот заслужен црн појас во БЈЈ, крунисувајќи ја вечерта и со шампионски појас за оваа голема победа“ – вели Ивица Алексовски и дополнува:
„Посебни честитки за срцето и пожртвуваноста во кафезот за нашите момци: Марко Трајановски, Дино Старчевиќ, Тоше Цветков и Ален Амедовски! Сите прифатија борби со борци кои беа фаворити! Организацијата беше беспрекорна, а настанот останува за историјата на македонскиот спорт. Продолжуваме уште посилно.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА











