Скопје со неверојатни 5-1 го победи Шкупи

Лидерот во западната второлигашка конкуренција, екипата на Скопје со неверојатни 5-1 славеше против Шкупи на пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје.

Шкупи настапи од стартот со комбиниран состав, главно од младинци и фудбалери кои имаат помала прволигашка минутажа, но и покрај тоа останува изненадувачка убедливата победа на Скопје кој до триумфот дојде со головите на Димов, Жоглев, Јанакиевски, Десниќ и Јаневски.

Во второто полувреме во игра влегоа и првотимци на Шкупи кој успеа само со голот од пенал на Фреди Алварез да го ублажи поразот.

Се вчитува...