Скопје загуби од Напредак Крушевац

Новиот македонски прволигаш Скопје загуби на пријателскиот натпревар од српски Напредак Крушевац кој денеска се одигра на стадионот во Автокоманда.

Составот на Љупчо Марковски загуби миминално со 1-0 од српскиот тим кој со овој тест-дуел ги заврши подготовките во Македонија.

Скопје периодов, паралелно со тест дуелите, го засилува и тимот за новата сезона во кој ќе бидат и Ален Јашароски, Филип Трајановски, Бенјамин Демир, Андреј Ефремов, Христијан Пецов.

Се вчитува...