Скопска маратонска убавина (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Повеќе од 8.500 учесници на улиците на македонската метропола денеска уживаа да бидат дел од Скопскиот атлетски маратон. Големи и мали, млади и стари, атлетски градени, но и спортски релаксирани луѓе без голем натпреварувачки акцент, се појавија на стартот на маратонот, со цел да се надминат себеси, да истраат во својата намера да го остварат најдобро тркачко време во рамките на своите способности, но и да испратат порака дека Скопје е важен дел од големото светско маратонско семејство.

[new_royalslider id=”627″]

И оваа година бевме сведоци на интересни транспаренти и пораки, бодрење на најблиските, позирање пред објективите, но најважно од се е дека традицијата продолжува и Скопскиот атлетски маратон од година во година е се помасовен и помасовен…

[new_royalslider id=”629″]

Се вчитува...