Скромен настап на Стојоски на СП во Доха

Единствениот македонски претставник на Светското првенство во атлетика во Доха, Јован Стојоски го освои последното место во третата квалификациска трка на 400 метри.

Нашиот атлетичар делницата од 400 метри ја помина за време од 47.92 секунди што е за цела секунда поспоро од неговиот личен рекорд поставен оваа година.

Стојоски настапот на 400 метри го заврши на 38. место од вкупно 41 натпреварувач. Најдобар беше Кирани Џејмс од Гренада со време од 44.92 секунди, што беше за скоро три секунди побрзо од времето на нашиот Стојоски.

Се вчитува...