Скромен учинок на Талески и Миркуловски во поразите на Балинген и Вецлар

Македонскиот репрезентативец Филип Талески и неговиот Балинген доживеаја нов пораз во германскиот шампионат, овој пат пред своите навивачи од Ерланген со 30-32 (14-15).

Во мечот кој беше до крај неизвесен, одлучен во последните минути, Талески запиша два погодоци од три обиди за својот тим.

Пораз доживеа и Филип Миркуловски со Вецлар на гостувањето против Рајн Некар Левен со 29-26 (15-9). Македонскиот ракометар запиша само еден погодок на натпреварот.

Се вчитува...