Скромниот Дончиќ: Самиот решив да излезам – не сакам лични рекорди, туку победи со репрезентацијата

Лука Дончиќ имаше неверојатно олимписко деби со Словенија, откако ја предводеше својата репрезентација до преубедлива победа над Аргентина.

Суперѕвездата на Далас постигна 48 поени, му недостигаа само седум за да го достигне апсолутниот олимписки рекорд на Бразилецот Шмит, па изненадувачки беше што Дончиќ по тајмаутот на половина од последната четвртина остана да седина клупата, не велгувајќи во игра до крајот на мечот.

„Самиот решив да излезам од игра, сметам дека мојата работа беше завршена со тоа што ја осигуравме победата. Јас не сум овде за да ловам лични рекорди, туку за да победувам со мојата репрезентација. Ако играв до крајот, тоа ќе беше дополнителен притисок за сите, вака рутински го довршивме мечот и заслужено славевме убедливо. Рекордите не ме интересираат“, изјави скромниот Лука Дончиќ.

Се вчитува...