„Скромниот“ Обамејанг ги условил „росонерите“ – Само ако добијам двојно поголема плата од Ибрахимовиќ ќе дојдам во Милан

Италијанскиот гигант Милан сака да го земе отпишаниот од Арсенал, Пјер Емерик Обемејанг веќе зимава, ама шансите за таков трансфер се скоро невозможни, откако Габонецот побарал неверојатна плата.

Според информациите на англиските медиуми, Обемејанг од Милан побарал двојно поголема плата од таа што ја има Златан Ибрахимовиќ од седум милиони евра, односно 14 милиони евра годишно, што „росонерите“ ниту имаат толку пари, ниту пак се расположени за 32-годишниот напаѓач да се задолжат за да му ги исполнат барањата.

„Росонерите“ имаат два пензионери во нападот Оливие Жиру и Ибрахимовиќ, но зачестените повреди се проблем во трката за шампионската круна, ама по се изгледа ќе мора да се свртат кон друго помладо решение за да се засилат. Инаку Милан уште многу одамна имапе желба да го донесе Обемејанг, кога Габонецот беше и помлад, но слабите резултати и финансии беа пречка за такво нешто.

Микел Артета го изостави Обемејанг за мини-подготовките во Дубаи во оваа скоро двонеделна пауза, па Габонецот кој е најплатен фудбалер на „Емирати“ со 300.000 фунти неделно може да си бара нов клуб. Во игра се споменуваше и Њукасл, кој иако има многу пари за трошење, не може никого да купи и засега само едно бомбастично засилување донесе на „Сент Џејмс Парк“ – Киеран Трипие.

Во последно време се шпекулира и за опција Обемејанг да оди во Саудиска Арабија, каде има отворени понуди од два клуба Ал Наср и Ал Хилал.

Се вчитува...