Скубе го „измеша“ цел тим на ПСЖ – магичен погодок на екс-вардарецот (видео)

Сташ Скубе го имаше потегот на натпреварот Брест Мешков – ПСЖ, на кој белорускиот првак приреди изненадување триумфирајќи над францускиот гигант.

Екс-ракометарот на Вардар со извонредна финта си создаде простор за пробив, потоа го измами и Никола Карабатиќ, кој очекуваше додавање, за на крајот Скубе рутински да ја смести топката во мрежата на „светците“.

Се вчитува...