Слалом „а ла Меси“ – магија на Жоао Феликс (видео)

Жоао Феликс веќе на дебито во „Ла Лига“ покажа зошто Атлетико Мадрид плати 126 милиони евра за да го доведе од Бенфика, откако младиот Португалец покажа дел од својата магија на дуелот со Хетафе.

Слаломот на кој би позавидел и Лео Меси младиот ас на Атлетико го почна длабоко на својата половина, се ослободи од неколку противнички ривали, а кога влезе во шеснаесетникот беше фаулиран за пенал.

Штета, овој извонреден потег не беше крунисан со гол бидејќи Мората го промаши ударот од 11 метри. Воедно, Феликс нешто потодцна поради повреда мораше да биде заменет во 65. минута од натпреварот.

Се вчитува...