Слатки маки на Халанд – ќе бира помеѓу три гигнати

Ерлинг Халанд ова лето ќе замине од Борусија Дортмунд, а сеуште останува неизвесно каде ќе ја продолжи кариерата. За неговиот потпис се борат неколку европски гиганти, но според германскиот Спорт, изборот на Новержанецот ќе падне на еден од следните: Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Сити.

Реал Мадрид сака со Халанд и Мбапе да гради нов мега тим, додека каталонците и „граѓаните“ во 21-годишникот гледаат како централна фигура за иднина. Сепак единствен од овие три клубови кој започнал преговори е Барселона чие раководство се сретнало со агентот Мино Раиола.

Халанд пристигна во Борусија Дортмунд во 2020 година од Салзбург за 20 милиони евра, а со него го пренесе и фантастичниот голгетерски инстинкт па и оваа сезона блеска на теренот со 23 постигнати гола во 20 одиграни средби.

Се вчитува...