Славјето на „Гробари“ може да почне – Жељко Обрадовиќ се врати назад во Партизан

Партизан доби сериозен адут во обидите да ја симне Црвена Звезда од тронот на кошаркарска Србија откако „црно-белите“ успеаја да го вратат на клупата Жељко Обрадовиќ. Србинот, кој важи за еден од најдобритее кошаркарски стратези на денешницата, во изминатиот месец неколку пати беше поврзуван со камбек н клупата на Партизан, за денеска конечно да биде потврдено дека е постигнат целосен договор, и тоа за тригодишна соработка.

Информацијата ја потврди првиот човек на Партизан, Остоја Мијаиловиќ, објавувајќи фотографија од Обрадовиќ со посвета – „Триесет години подоцна, Се за љубов, се за Партизан“.

Асоцијацијата е јасна, токму Обрадовиќ беше тренер на „црно-белите“ при освојувањето на единствената европска круна во 1992 година. Тоа беше почеток на блескавата кариера на овој извонреден стручњак, кој потоа доминираше по терените ширум Европа како предводник на Хувентуд, Реал Мадрид, Бенетон, Панатинаикос и Фенербахче.

Навивачите на Партизан имаат причина за еуфорија, бидејќи нема сомнеж дека Обрадовиќ не би се согласил на камбек доколку не постои сериозен проект со буџет за составување на квалитетен тим, за борба за титулата во АБА, во српското првенство, но и во Еврокупот.

Се вчитува...