Славниот англиски клуб ја признава грешката: „Можевме да го донесеме Халанд за 70.000 евра“

Ерлинг Халанд е во центарот на вниманието во летниот преоден рок, откако го договори својот трансфер од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити. Се очекува голгетерот да стане најскапоплатениот играч во Премиер-лигата. Договорот е на пет години, а норвешката гол машина оваа сезона на 30 меча постигна 29 гола. Не постои клуб кој не би го посакал во своите редови, а во таа конкуренција се истакна Сити кој му понуди најдобри услови.

Сега се појави вест која ја шокираше европската јавност. Малку кој знаел дека Евертон бил блиску да го ангажира Халанд, и тоа за „ситница“.

„Можевме да го донесеме Халанд за 70 илјади евра. Проценката беше дека како млад и висок, како ќе одминуваат годините, ќе ја изгуби својата ефикасност и брзина. Нормално тоа не се случи. Стана уште побрз и подобар“, рече скаутот на Евертон, Брајан Кинг кој потврди дека клубот од Ливерпул бил многу блиску до потпис со „гол-машината“.

Се вчитува...