Следната дестинација на Кутињо ќе ги разбесни навивачите на Ливерпул

Од идол до предавник. Ова може да му се случи на Фелипе Кутињо доколку се оствари најавениот трансфер во јануари. А тоа е дека Брзилецот ќе се врати во Премиер-лигата и ќе потпише за Евертон. Информација која нималку нема да им е допадне на навивачите на Ливерпул, тим во кој Кутињо настапуваше неколку сезони.

Откако Кутињо стигна во Барселона во 2018 година за 135 милиони евра, Бразилецот не ја искористи шансата. Тој заработува 22 милиони евра, премногу за играч кој не е стартер, па сега Каталонците бараат начин да се ослободат од него.

Откако стана најбогат клуб во светот, се шпекулираше на заминување во Њукасл, но од тоа нема ништо.

Затоа се погласно се споменува дека ќе стане издајник и дека ќе потпише за Евертон, тим кој што ќе може да ги задоволи големите апетити на Кутињо и неговата голема плата.

Јасно е дека Чави не смета на Кутињо, а ќе треба да замине за да се растовари буџетот за плати и да се заработи некој милион за реализација на други трансфери, па една понуда од Евертон добро би им дошла на „Каталонците“.

Се вчитува...