Следната година и полумаратон на „Охрид трчаТ“… (ВИДЕО)

Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ повторно ги поместува границите во спортот во Охрид и нашата земја задржувајќи го нивото на професионалност и оригиналоност. Третото издание помина одлично а дождот беше декор на илјадниците учесници и гледачи на најголемата спортска манифестација во градот.

Сега организаторите на „Охрид трчаТ“ преку видео материја и официјално најавуваат дека следната година манифестацијата ќе биде збогатена и со полумаратонот кој ќе одржи во склоп на Охрид трчаТ на 7. јуни 2020. Гледајте и уживајте во прекрасниот видео материјал…

Се вчитува...