Слога Виница го победи Борец среде Велес за триумфален старт на сезоната во Втората лига

Слога Виница со триумф на гостувањето против Борец во Велес ја почна новата сезона во единствената Втора лига.

Во заостанатиот натпревар од 1. коло, Слога триумфираше со 1-2 на гостувањето против Борец.

Виничани победата ја осигураа по првото полувреме, кога ги дадоа двата гола, прво Бобан Тасевски погоди во 8. минута, а Дарко Николов во 43. минута зголеми на 0-2. Домашните во второто полувреме преку Дамјан Николовски успеаја да постигнат само почесен погодок.

Борец во последен момент собра средства да ја плати котизацијата за учество во лигата, и да собере тим за натпреварување сезонава во второлигашката конкуренција.

ВТОРА ЛИГА – 1. КОЛО
Арсими – Вардар 0-1
Кожуф – Пелистер 2-4
Охрид – Тетекс 2-1
Локомотива Пехчево – Гостивар 2-3
Каменица Саса – Беса 1-2
Караорман – Воска спорт 0-2
Детонит Плачковица – Беласица 2-0
Борец – Слога Виница 1-2

Се вчитува...