Слот: Беа подобри од нас, а за одлуката на Кавана…

Манчестер сити во доминантна игра дојде до повеќе од заслужена убедлива победа од 3-0 против Ливерпул во дербито на 11. коло во Премиерлигата.

Рутинска победа на „граѓаните“ кои ја продолжуваат кризата на Ливерпул во лигата, иако се чинеше дека е надмината по претходните две едноподруго победи од кои една во ЛШ против Реал Мадрид.

Тренерот на „црвените“ Арне Слот по мечот даде свое мислење и за играта, но и за поништениот гол на Ван Дајк во првото полувреме.

„Натпреварот помина како што помина и мислам дека ќе бевме среќни ако беше само 1-0 на полувреме. Во тие моменти, не можете да предвидите како ќе се одвива второто полувреме, но во првото полувреме тие беа подобри од нас. Имавме многу проблеми, се мачевме да ја задржиме топката и тоа им даде простор да ја развијат својата игра. Тешко ми е да ви кажам што мислам. Јасно е и очигледно дека е донесена погрешна одлука. Но, тоа е мое мислење“, изјави Слот. 

Се вчитува...