Мохамед Салах беше најзаслужен за успесите на Ливерпул во претходние години, па изненадувачки делува одлуката на Арне Слот упорно да го „бетонира“ големиот ас на клупата за резерви, веќе трет натпревар по ред.
Ако одлуката за мечот со Вест хем беше оценета како „шок-терапија“, но Слот потоа го изостави Салах од стартниот тим и за дуелот со Сандерленд, на кој го уфрли „фараонот“ на самиот старт од второто полувреме. Се очекуваше тој да биде стартер вечерва против Лидс, но тренерот на Ливерпул сепак повторно го остави Салах меѓу резервите, нешто што му се нема случено на Египќанецот откако од Рома пристигна на „Енфнилд“.
„Не ми е лесно бидејќи сите знаеме колку врвен играч е Мо. Сепак, моја работа е да го изберам тимот и сметам дека одлуката што ја донесов е вистинската“, изјави Слот пред мечот со Лидс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

