Ливерпул на четири кола пред крајот на Премиерлигата има шанса да ја осигура титулата во елитниот шампионат на „Островот“. Овој податок наиде на голема полемика за нивото на натпреварувањето кое е во пад во однос на претходните години со оглед на тоа што „црвените“ со нов тренер доминираа пред Манчестер Сити и Арсенал.
Овој податок сега го коментираше и Арни Слот, тренерот на Ливерпул кој не го дели ова мислење и смета дека ова е една од највозбудливите сезони во последниот период.
„Секој може да има свое мислење. Јас сум тука само година дена и мислам дека никогаш не било повозбудливо во смисла кој ќе биде меѓу првите пет. Во претходните години не постоеше дилема која ќе биде на првите три, четири позиции. Моето мислење е дека ова е многу силно првенство. Според моето искуство тука нема лесен натпревар. Не сме единствениот тим кој во ова првенство не може против некој лесно да постигне три, четири голови. Можеби во претходните години тоа беше полесно. Или тимовите како Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул повеќе не се толку добри или останатите многу напредуваа. Имаат буџети и можат многу да потрошат“, изјави Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА