Само неколку дена откако го напушти Ливерпул, Арне Слот веќе имаше понуда на маса. Фулам беше сериозно заинтересиран да му овозможи да продолжи да работи во Премиерлигата, но според холандските медиуми, неговите планови се сосема поинакви.
Слот верува дека би можел да стане селектор на Холандија, по завршувањето на Светското првенство кога истекува договорот на актуелниот предводник на „лалињата“, Роналд Куман. Засега не е познато дали Куман ќе добие нов договор, но поголеми се шансите дека нема да му биде доделен нов мандат на клупата, па така веројатно Холандија ќе има нов селектор.
Во својата татковина, Слот долго време го водеше Камбур, потоа АЗ Алкмар, пред да го постигне својот најголем успех со Феенорд.
Се чини дека во овој момент Слот донел мудра одлука да го почека исходот на Светското првенство, бидејќи тој е сигурно најдобриот кандидат, особено ако се земе предвид дека Холанѓаните ставаат само домашни селектори на клупата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
