Арне Слот доби простор за дишење со вчерашната победа на гостувањето против Вест хем, со која стратегот на „црвените“ ја намали опасноста од добивање отказ по серијата катастрофални резултати во последните два месеца.
Слот може да здивне откако утрово беше објавено и дека миленикот на навивачите, легендарниот Јирген Клоп, ја отфрлил можноста за камбек на „Енфилд роуд“. Иако претходно беше најавувано дека Ливерпул е единствениот англиски клуб во кој Клоп би работел, Германецот воопшто не е заинтересиран за камбек на тренерскиот занает.
Тој потпиша договор како шеф за фудбалски операции на сите клубови под водство на групацијата „Ред Бул“ и се чувствува одлично на оваа функција, која го држи поврзан со фудбалот, но исто така и му дава доволно слободно време за да се посвети на семејство.
Како што информира британски „Телеграф“, токму тоа е причината поради која Клоп не размислува за камбек и за тоа веќе ги известил луѓето во Ливерпул, за неговото име да не биде споменувано како можен наследник на Арне Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

