Слот очекува Салах да се извини: Беа кажани многу работи…

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот после победата над Интер од 0-1 во Лигата на шампионите го коментираше конфликтот со крилниот фудбалер Мохамед Салах.

33-годишниот Египќанец беше оставен на клупата на дуелот против Лидс, и не доби шанса да игра, и по тој натпревар фудбалерот „распали“ по клубот и Слот.

„Направив толку многу за Ливерпул, а сега ме фрлаат под автобус. Не знам што следува понатаму“, рече Салах.

Тоа придонесе играчот да не биде вклучен во екипата на патот кон Милано против Интер, а по мечот Слот коментираше:

„Правам разлика помеѓу овие работи. На играчите им е тешко, особено кога ќе примиш гол во последните моменти против Лидс. Практично, не му дадовме ниту една шанса на противникот и тоа беше тешко да се доживее, а и она што се случи потоа беше емотивно. Го примивме тој гол, и потоа беа кажани многу работи. Обично ваквите ситуации влијаат на играчите затоа што Салах има големо влијание и врз клубот, и врз соиграчите. Затоа никогаш не е убаво кога вакво нешто ќе му се случи на колега. Разговорот треба да биде за тоа што направивме вечерва во Милано, но целосно разбирам дека на прес-конференцијата во петок сите прашања ќе бидат за Мо. Секој прави грешки, но дали играчот разбира дека погрешил? Дали иницијативата треба да дојде од него или од мене? Тоа е друго прашање“, рече Слот.

Се вчитува...