Слот: Сево ова ми се чини неправедно; Енрике: Покажавме карактер

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот остана разочаран откако неговиот тим испадна од Лигата на шампионите во осминафиналето, откако загуби на пенали од Пари Сен Жермен . Според него, неправедно е што неговиот тим толку рано го завршува учеството на турнирот, особено откако претходно заврши како лидер во главната фаза.

„Тоа беше еден од најсилните натпревари во кои сум бил дел. Неверојатен настап, особено во споредба со минатата недела. Првите 20-25 минути тотално ги надигравме, создавајќи шанса по шанса, но за жал имавме негатива. Можеби немавме среќа бидејќи разликите беа толку мали. По 90 минути мислам дека го заслуживме секој втор момент да постигнеме гол. избројте ги последните пет минути, противникот немаше никакви шанси. Тешко е да се вложи толк напор. Ми се чини неправедно сме елиминирани толку рано, особено кога завршивме на врвот на табелата во главната фаза. Но, тоа е убавината на фудбалот. Сите уживаа во овој меч, а за да победите треба да имате малку среќа“, рече Слот.

На другата страна Луис Енрике е среќен што неговиот тим се пласираше во 1/4 финалето. Тој го пофали својот тим за карактерот кои ги покажаа на „Енфилд“, и призна дека Ливерпул бил подобар противник.

„Ливерпул беше подобар од нас, но мислам дека мојот тим покажа одличен карактер на овој посебен стадион. Се обидовме да го покажеме најдоброто до себе, но беше тешко затоа што се игра толку интензивно. И двата тима заслужија да одат понатаму, но карактерот и борбеноста беа клучни во пеналите. Покажавме каков тим сме. Двата тима беа одлични. После поразот во Париз ни беше многу тешко, но фудбалот некогаш е неправеден. Имавме среќа, тие  двапати ја погодија стативата, Донарума беше како Алисон на првиот натпревар. Но, на крај среќни сме што продолжуваме понатаму“, изјави Енрике.

Се вчитува...