Слован го освои првиот меморијален турнир во чест на Драган Василов – Цевка

Во СЦ „Јане Сандански“ изминатиот викенд беше одигран меѓународниот кошаркарски турнир за играчи до 16 години „Драган Василов Цевка“. Победник на овој кошаркарски собир во Скопје е екипата на Слован од Љубљана која во финалето славеше над Академик од Пловдив со резултат 72-42.

Третото место го освои тимот на Реал Гуровиќ Академија која во трилер меч славеше над Шопрон со 70-69. Петтото место и припадна на екипата на Црвена Звезда која славеше над Клуж 62-57. Македонските тимови, Вардар и МЗТ Скопје турнирот го завршија на претпоследното односно последното место.

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Келер Бендегуз од тимот на Сопрон, а МВП наградата за најдобар играч ја понесе кошаркарот на Слован, Леон Ивичиќ.

Во натпреварот во забивање победи младиот кошаркар Владимир Цвијетиќ од екипата на Црвена ѕвезда, а во натпреварот во шутирање за три поени победи кошаркарот на Академик Пловдив, Кристијан Желев.

Се вчитува...