Словаците го објавија списокот: Бродзиански од Хувентуд, главна закана за Македонија

Селекторот на словачката кошаркарска репрезентација, Олег Мелешенко го објави списокот на играчи кои ќе настапуваат за оваа земја на претквалификациските натпревари во Скопје против Македонија и Швајцарија.

Мелешенко од претходно не можеше да смета на услугите на главната „ѕвезда“ Кајл Курич од Барселона, како и на Марек Долежај. Словачкиот селектор за време на подготовките остана и без помошта на младиот центар Томаш Павелка, а во последниот избор пред патот за Скопје не влегоа Јакуб Мереш и Јурај Паленик. Од оние кое се наоѓаат во словачкиот состав прва „ѕвезда“ дефинитивно е Владимир Бродзиански, кој минатата сезона настапуваше заедно со нашиот Ненад Димитријевиќ во Хувентуд.

„Не смееме да зависиме само од Бродзиански. Јасно е дека тој е лидер, но не смееме да зависиме само од него, во кошарката се победува само со тимска игра. На последните две контролни средби постигнавме над 80 поени, не беше се перфектно, но добро е да се знае дека поседуваме напаѓачки потенцијал“, изјави словачкиот селектор.

Се вчитува...