Словенија без Дончиќ стигна чекор поблиску до СП

Кошаркарската репрезентација на Словенија стигна до значајна победа на патот кон Светското првенство кое ќе се игра следната година. Словенците во натпревар од 9. коло од Ј групата во европските квалификации стигна до гостинска победа над Израел од 62-75.

Израелците добро го отворија натпреварот и по десет минути игра имаа предност од 18-15. Сепак, Словенците до крајот на првото полувреме заиграа далеку подобро и на пауза заминаа со позитива (34-38).

До крајот Словенија рутински го приведе мечот и успеа да стигне до голема победа од 62-75  и тоа без услугите на првата ѕвезда Лука Дончиќ. Муриќ и Лапорник со по 16 поени беа први имиња кај победникот, додека кај поразениот единствен двоцифрен беше Томер Гинат со 12 поени.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...