Словенија го доби балканското дерби во Загреб

Словенија со победа од 74-76 над Хрватска ги отвори квалификациите за Светското првенство 2023. „Коцкесите“ кои на овој меч настапија со далеку помлад и неискусен тим успеаја целосено да парираат на фаворизираните Словенци кои до победата стигнаа до последната минута од мечот.

Хрватска по 10. минути игра имаше предност од 19-16, но веќе до полувремето Словенците одговорија со подобра игра во нападот и стигнаа до предност од 39-41. Неизвесниот натпревар продолжи и во второто полувреме со тоа што Хрватите повторно преминаа во водство по 30. минути игра (56-55), а играта „кош за кош“ со многу грешки на двете страни траеше и до последните секунди.

Херој на Словенците беше Цебасек кој на 48 секинди до крајот постигна неверојатна тројка од тешка ситуација и доби дополнително слободно фрлање за предност од 69-72. Хрватска се врати на 71-72, по што Николиќ беше сигурен од линијата за слободни фрлања кај гостите за 71-74, а и покрај тоа што „коцкестите“ имаа напад за изнедначување, истиот заврши со прекршок во напад на поранешниот кошаркар на Работнички, Филип Бундовиќ.

Токму Бундовиќ беше предводник на Хрватска со 16 поени, 7 скока и 5 асистенции, а ист учинок забележа и Мариќ. Кај гостите Препелиќ натпреварот го заврши со 16 поени, додека 15 поени и 9 скока дополни Блажиќ.

Се вчитува...