Словенија и Хрватска одиграа нерешено во првиот контролен меч

Репрезентацијата на Словенија која е еден од противниците на Македонија во групата на ЕП 2018, одигра нерешено со Хрватска 26-26,  во првиот од двата контролни натпревари во рамките на неделата на ЕХФ што се одигра вечерва во Љубљана. Вториот натпревар двете селекции кои од клупата го предводат Веселин Вујовиќ и Лино Червар, ќе го одиграат в сабота во Загреб.

По изедначеното прво полувреме кое заврши со Минимално водство на Хрватска што и го донесе Иван Чупиќ со погодокот постигнат со звукот на сирената. Хрватите во вториот дел влегоа уште поагресивно, а Словенците на другата страна направија серија грешки, шест минути беа погодок и му  дозволија на противникот да поведе со 13-16. Расположениот Урбан Лесјак со неколку врзани одбрани, одново ги врати избраниците на Вујовиќ во игра, но Хрватите до крај одржуваа 1-2 гола предност. Во последната минута Хрватска влезе со играч повеќе и со гол предност, но не го искористи нападот за +2. На спротивната страна Жига Млакар беше прецизен и на шест секунди пред крај и донесе изедначување на Словенија  со конечните 26-26. Во последниот напад на Хрватска, Игор Карачиќ беше прецизен, но по звукот на сирената и резултатот остана нерешен.

Жига Млакар беше прв стрелец во репрезентацијата на Словенија со седум гола, а на спротивната страна, Иван Чупиќ постигна осум гола за Хрватска. И двете селекции настапија во некомплетен состав. Кај Словенците поради здравствени проблеми на теренот ги немаше Јуре Доленец, Вит Потеко, Јан Гребенц, Борут Мачковшек и Давид Миклавчич, а во составот на Хрватска недостасуваат домагој Дувњак и Марко Копљар.

Натпреварот против Словенија на ЕП 2018, Македонија го игра на 13 јануари во Загреб.

 фото: siol.net

Се вчитува...